АНКАРА
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган имаше свое обраќање пред пратениците на Партија за правда и развој (АК партија) во Големото народно собрание на Турција, осврнувајќи се на дневнополитичките настани во Турција и разговорот со претседателот на САД, Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за дневнополитичките случувања во Турција, претседателот Ердоган се осврна и на постоечките тензии меѓу Турција и САД. За средбата со американскиот претседател Доналд Трамп Ердоган изјави: „На средбите не можевме да донесеме фундаментални решение за многу прашања, но, на светот му покажавме дека не дозволивме овие прашања да ги заробат нашите односи“.
По прашањето за борбените авиони F-35, турскиот претседател рече дека по ова прашање разговарал со претседателот Трамп, при што истакна: „Доколку по прашањето за F-35 продолжи бескомпромисниот став, Турција, за да ги задоволи своите среднорочните потреби ќе биде принудена да бара други решенија“
За оние кои терористичката организација ЈПГ, огранокот на ПКК во Сирија се обидуваат да ја претстават како организација која се бори против терористите на ДЕАШ, претседателот Ердоган рече: „Тие што се обидуваат сепаратистичката терористичка организација да ја престават како структура која се бори против ДЕАШ, денес се обидуваат да ги покријат цивилните масакри на истата организација“.
Mahir Demishoski








