Турција во понеделникот остро го осуди непочитувањето кон муслиманската света книга, Кур’анот, во неодамнешната демонстрација организирана од антиисламска организација во Кристијансанд, Норвешка.

Екстремната десничарска група, Стоп за исламизацијата на Норвешка (СИН), во саботата одржа протест против исламот и се обиде да запали копија на Кур’анот.

Во изјавата, турското Министерство за надворешни работи рече: „Ние остро го осудуваме непочитувањето кон нашата света книга, Светиот Кур’ан, во демонстрација организирана од антиисламска организација на 16 ноември 2019 година во Кристијансанд, Норвешка“.

„Очекуваме да се спречат ваквите активности и оние кои се одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата што е можно поскоро“, се додава во соопштението.

Министерството истакна дека Турција е длабоко загрижена за неодамнешниот пораст на дискриминација врз муслиманите, омразата против исламот и нападите врз џамиите во западноевропските земји.

„Исламофобијата и ксенофобијата кои стануваат сè поалармантни неодамна е проблем што треба да се реши веднаш“, се вели во извештајот.

Министерството истакна дека расистичката и екстремно десната реторика и пораките на социјалните медиуми од одредени политичари ги поттикнувале овие трендови против исламот.

„Овие напади не се насочени само кон муслиманите, туку и претставуваат закана за целото човештво“, истакна министерството.

„Во оваа прилика го повторуваме нашиот повик до меѓународната заедница да работиме заедно за целосно отстранување на овој вирус што му се заканува на целиот свет“, додаде тој.

Министерството, исто така, истакна дека е важно резолуцијата на ООН за „Борба против тероризам и други акти на насилство врз основа на религија или верба“ да биде имплементирана од сите земји-членки.

„Турција ќе продолжи да ги води меѓународните напори во оваа насока“, се вели во извештајот.

Припадниците на СИОН беа спречени да запалат копија на Куранот од страна на полицијата. Сепак, водачот на групата го упати многу навреди па го фрли во контејнер.

Јавува Анадолија.
Mahir Demishoski.