ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција Реџеп Taип Ердоган денес се обрати пред присатните во истанбулската палата Долмабахче сарај каде се одржува 2. истанбулска меѓународна конференција на народни правобранители. Претседателот Ердоган изјави: „Никаква моќ ниту влијание не можат да урнат држава зад која стои народот“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган зборувајќи за големиот број немири во светот, надворешните влијанија и протести, истакна:
„Во денешниот свет може да видиме дека многу поранливи на внатрешни и на надворешни интервенции се државите кои не можат да воспостават силни врски со своите граѓани“
Според турскиот претседател Ердоган една од најважните обврски на државите е да се блиски до народот и да го слушаат нивнитиот глас, инаку: „Државите кои не го слушаат гласот на сопствениот народ, не бараат решение за нивните проблеми, туку сосема спротивно, нивните приговори ги потиснуваат на груб начин, може да се соочат со големи страдања и уништувања“.
Зборувајќи за терористичките напади и постојаните економски притисоци врз Турција, Ердоган посочи дека и покрај тоа што низa години Турција се соочува со многу закани, од нападите на терористичките организации до економски стапици, успеале да останат цврсто на нозе и постојано да ја зголемуваат моќта на Турција“.








