Во екот на протестите поради поскапувањето на горивата во Иран е блокиран пристапот до интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Повикувајќи се на неименувани безбедносни извори, Иранската работничка новинска агенција (ILNA) јавува дека Врховниот совет за национална безбедност наредил блокирање на пристапот на сите фиксни и мобилни интернет-мрежи на територијата на цел Иран.
Протестите во голем број ирански градови започнаа во петокот откако Владата ја соопшти одлуката за зголемувањето на цената на горивата за 300 отсто.
Во нередите загина најмалку едно лице, а запалени се неколку бензински пумпи.
Во Техеран и во другите градови денес се на сила зголемени мерки за безбедност.
Продавниците во центарот на Техеран денес се затворени.
Mahir Demishoski









