РАС АЛ АЈН (АА) – Во областа Рас ал Ајн во североистокот на Сирија, ослободена од терористите со операцијата „Извор на мирот“, Сириската национална војска (СНВ) продолжува со активностите за пребарување и уништување на експлозивните направи поставени од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во Сирија, во регионите ослободени од терористичката организација ЈПГ/ПКК со операцијата „Извор на мирот“ продолжуваат активности за деминирање на мините и уништувањето на рачно изработените експлозиви за да можат цивилите безбедно да се вратат во своите домови.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК пред да се повлече, во куќите во областа Рас ал Ајн и нејзините села постави голем број на експлозивни материјали.

Во овој контекст, војниците на Сириската национална војска (СНВ) ги детектираат и ги уништуваат експлозиви, бомби и рачно изработените експлозиви во областите ослободени од теророт.

Агенција Анадолија (АА) ги снимаше активности за детектирање и уништување на експлозивните материјали.

Mahir Demişoski