ИСТАНБУЛ (AA) – Вечерва се играат седум натпревари од претпоследното коло од квалифијациите за ЕУРО 2020, а веќе заврши дуелот помеѓу Турција и Исланд, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турците во групата „Х” на преполниот стадион „Турк Телеком” во Истанбул ремизираа 0:0 со селекцијата на Исланд и со овој бод обезбедија пласман на ЕУРО 2020.

Лидерот на групата моментално е Турција со 20 бодови, Франција е втора со 19, и со натпревар помалку, Исланд има 16, Албанија 12, со натпревар помалку, и Андора и Молдавија по 3 бодови, исто така со натпревар помалку.

Натпреварот во Истанбул го гледаше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој на стадионот дојде по завршената дводневна работна посета на Вашингтон.

Mahir Demişoski