Амбасадата на Република Турција во Скопје објави писмено соопштение во кое се нагласува дека борбата против тероризмот ќе продолжи со одлучност.
„Пријателската и братска земја Северна Македонија, за жал до сега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации”, се истакнува во писменото соопштение на Амбасадата
Се посочува дека Амбасадата на Република Турција во Скопје ќе ја продолжи борбата против тероризмот во границите и надвор од границите на земјата за да се обезбеди безбедноста на територијата каде што се наоѓа Турција.
„Оваа борба ќе продолжи со решителност против терористичките организации на чело со ФЕТО, ПКК/КЏК, ПЈД/ЈПГ, ДЕАШ и ДХКП-Џ, се додека не бидат уништени“, се истакнува во соопштението од амбасадата.
Во соопштението, исто така, се нагласува дека лицата од Северна Македонија кои се уште работат за терористички организации и институции или оние кои се уште ги поддржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно.
„Пријателската и братска земја Северна Македонија, за жал до сега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации. Особено по обидот за предавничкиот пуч на 15 јули, институциите и организациите на терористичката организација на ФЕТО (Заман Македонија, училиштата Јахја Кемал, МИБА, Шафак и фондациите како што е Толеранс) се уште се активни во оваа земја. Турција ќе продолжи да се бори со овие организации се додека не добие резултати, особено ќе застане пред тие што се хранат од Турција, а целат против (ја напаѓаат) Турција. Тие што работат во овие терористички организации и институции, или пак оние што сеуште ги подржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно. Сакам оваа ситуација да ја знаат пријателите што се поврзани со Турција од срце“, се вели во соопштението на Aмбасадата на Турција во Скопје.
Во соопштението, исто така, се истакнува следното: „Република Турција оваа праведна човечка борба сака секогаш да ја води со пријателите и сака пријателските и братски земји да бидат до Турција. Што и да се случи Република Турција има волја и сила за да може сама да ја води оваа борба.“ (Агенција Анадолија „АА“)
Mahir Demişoski










