Турција обвинува: Со приходите од нафта, Америка финансира тероризам

0
134

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ги обвини САД за кршење на меѓународното право со превземањето на контрола на нафтените полиња во источна Сирија.

„Тие отворено признаваат дека се таму заради резервите на нафта“, изјавил дипломатот, а пренесува Анадолија.

Чавушоглу изјави дека САД приходите од нафтата кои му припаѓаат на сирискиот народ ги користи за финансирање на курдската полиција.

Тој ова го изјави ова за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка, Хади Солејманпур. Организациите за економска соработка е регионална меѓувладина организација.

Сириската курдска полиција се наоѓа на списокот на терористички организации во Анкара, пренесува РТ.

Извор:(Вијести.ба)