Истанбулската полиција го уапси возачот кој со автобус влета во преполната автобуска станица, а потоа со нож ги нападнал луѓето кои се обидувале да го спречат да избега.
Во инцидентот повредени се најмалку 13 лица, од кои еден маж со нож.
Полицијата соопшти дека тројца повредени се ирански државјани и две деца.
30-годишниот возач на автобусот е уапсен откако скокнал во морето во обид да избега од местото на настанот.
Засега е нејасно дали возачот намерно удрил во станицата и луѓето што чекаат на автобусот. Истрагата е во тек, пренесува АП.
(Вијести.ба / СРНА)











