Руските власти обезбедија законски опции за исклучување на интернетот во земјата откако со потписот на Путин контроверзниот закон стапи во сила.
Владата има намера да создаде инфраструктура за „суверен“ интернет, кој Москва го претстави како неопходност за одбрана од надворешни хакерски напади, објави Индекс.хр.
Критичарите на Кремљ, од друга страна, оваа го гледаат како форма на уште поголема цензура.
„Државата сега има целосна техничка контрола на Интернет за прв пат“, изјавил рускиот експерт за Интернет, Александар Исавин, од непрофитната организација против цензурата на Роскомсвобода за dpa.
Тој објаснува дека со новиот закон се менуваат тековните услови во деловните активности во кои работеле давателите на услуги на Интернет, односно условите за слободен пазар и дека сега на државата и се дава право да ги контролира кога сакаат и колку сакаат.
Според новиот закон, Интернет-сообраќајот во Русија ќе се пренесува преку центри во земјата чија инфраструктура допрва треба да се гради, додека интернет-компаниите што работат во Русија се очекува да обезбедат и инсталираат опрема потребна за успешна транзиција.
Сето ова веќе предизвика блокирање на бројни веб-страници на опозицијата во Русија, поради што илјадници луѓе протестираат против законот што го потпиша рускиот претседател уште во мај.
Портпаролот на Кремљ, сепак, тврди дека Русија не сака да се исклучи од Интернет, но се подготвува за можноста Западот да го исклучи.
Извор:cdm










