САД започнаа со патролите на нафтените полиња во Сирија

0
128

По турската операција „Извор на мирот“, војската на Соединетите Американски Држави (САД) повторно ги започна патролите на нафтените полиња во североисточниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Пет оклопни возила и два пикапа на американската војска патролираа на линија од 40 километри меѓу градот Кахтанија кој се наоѓа на оддалеченост од 6 километри од турско-сириската граница, и градот Румејлан.

На овој начин, американската војска повторно ги започна своите патроли во Хасека, во североисточниот дел на Сирија, кои претходно ги запре поради операцијата „Извор на мирот“.

Познато е дека нафтените резерви се наоѓаат во Кахтанија, во источниот дел на Камишли во близина на сириско-турската граница.

Исто така, Румејлан е нафтена зона и се наоѓа 15-20 километри близу границата со Ирак.

САД во Румејлан имаат воздухопловна база како и присуство на над 100 војници.

Извор:Anadolu Agency