Турските и руските војници го започнаа првото заедничко патролирање источно од Еуфрат

0
107

Во рамките на спроведувањето на Договорот за безбедносна зона во Сирија, турските и руските војници го започнаа своето прво заедничко патролирање источно од Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).

На 20 километри западно од градот Кизилтепе во областа Мардин, во подрачјето на селото Севимли, конвој од оклопни возила на Турските вооружени сили под турско знаме, ја преминаа границата за да се сретнат со рускиот воен конвој за да учествуваат во заедничката копнена патрола.

По средбата турските и руските војници го започнаа своето прво заедничко патролирање источно од Еуфрат, што се спроведува во рамките на Договорот за безбедносна зона во Сирија.

Извор:Anadolu Agency