Русија на Африканските држави им опрости долг во висина од 20 милијарди долари

0
142

Москва отпиша повеќе од 20 милијарди американски долари долг на африканските земји кон Советскиот сојуз, објави во средата рускиот претседател Владимир Путин.

„Тоа не беше само чин на дарежливост, туку и манифестација на прагматизам, затоа што многу африкански земји не беа во можност да плаќаат камата на овие заеми“, рече Путин за ТАСС.

Обраќајќи се на руско-африканскиот форум во Сочи, тој повика да се удвои трговијата меѓу Русија и африканските земји во текот на следните четири до пет години.

Путин исто така рече дека Русија има намера да го зголеми државното присуство во Африка.

Првиот самит Русија и Африка донесе повеќе од 50 африкански лидери во Сочи, пренесува РТ.

(Вијести.ба / ФЕНА)