Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека ако терористичките елементи на ЈПГ/ПКК не се повлечат од сириската граница, Турската армија „ќе помине врз нив“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков во изјавата за медиумите се осврна на договорот меѓу Турција и Русија.
Изјавувајќи дека во последните години САД се најблизок сојузник на елементите на ЈПГ/ПКК, рече: „Како резултат на ова, САД ги напуштија нив и на некој начин ги изневерија. Сега ги оставаат на границата и претпочитаат да се борат со Турците.“
Песков, исто така, истакна дека во согласност со договорот ЈПГ/ПКК треба да се повлече од границата.
„Ако не се повлечат во рамките на договорот меѓу Русија и Турција, Турската армија ќе помине врз нив“, нагласи Песков, портпаролот на Кремљ.










