Хорор во Британија, полиција пронашла камион со 39 мртви мажи (видео)

0
161

Полицијата во Есекс пронашла камион со 39 тела во Есекс и го уапсила возачот.

Сите тела биле на возрасни, освен на една особа која била во тинејџерски години. 25-годишен маж од Северна Ирска е уапсен под сомнение за убиство, пренесува „Блиц“.

„Ова е трагичен инцидент во кој голем број на луѓе го загубија животот. Нашата истрага е во тек за да се утврди што се случило “, изјавил началникот на полицијата Ендру Маринер.
Според него, се верува дека камионот пристигнал во Англија од Бугарија.

„Идентификацијата на жртвите е во тек, но претпоставувам дека може да биде долг процес. Веруваме дека камионот е од Бугарија и влегол во земјата во Хрихед, во сабота, 19 октомври и соработуваме тесно со нашите партнери во истрагата “, изјавил Маринер.

Британскиот премиер Борис Џинсин изјави дека е запрепастен од овој трагичен инцидент во Есекс.