Ердоган: САД не ги исполнија сите услови од договорот – не се согласуваме на компромиси

0
132

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека САД не ги исполниле целосно своите обврски според договорот за Сирија и дека Анкара не е подготвена за компромис.

„Ние ќе ги преземеме сите неопходни чекори. Ако направиме компромис, тоа ќе го отвори патот и за терористички организации “, рече Ердоган.

Претходно, Ердоган изјави дека Турција е подготвена да го започне своето дејствување во северна Сирија, ако по петдневниот прекин на огнот, Соединетите држави не успеат да го исполнат својот договор за повлекување на курдските сили од безбедносната зона.

Турција ја спроведува операцијата Мировен извор во Сирија од 9-ти октомври. Анкара соопшти дека дејствата на турската војска биле насочени против Курдистанската работничка партија и терористичката организација ИСИЛ.

Курдите и Дамаск тогаш склучија договор за заедничко спротивставување на Турција, при што Асад започна армијата да ја групира на северната граница и окупираше неколку претходно контролирани градови од Курдите, вклучувајќи ја и Рака.

Вашингтон и Анкара последователно на 17 октомври објавија дека се согласиле да ја стопираат воената операција на Турција за 120 часа и да ги повлечат курдските сили 30 километри во внатрешноста на Сирија за да создадат тампон зона што Анкара има намера да ја контролира сама. Како и да е, медиумите пренесуваат дека привремениот прекин на огнот повремено се нарушува.