Претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека ја разбираат намерата на Турција да преземе чекори во насока на својата национална безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија, Владимир Путин, по состанокот одржан во претседателската канцеларија во рускиот град Сочи, одржаа заедничка прес-конференција.
Путин нагласи дека ја разбираат намерата на Турција да преземе чекори за својата национална безбедност.
„Повеќе пати нагласивме дека ја разбираме намерата на Турција да презеде чекори во насока на својата национална безбедност“, рече Путин.
„Турците и Сиријците заедно ќе го обезбедат мирот и стабилноста во регионот. Доколку нема взаемно почитување, тоа нема да биде можно“, додаде рускиот претседател.
Тој нагласи дека донесената одлука ќе го реши сирискиот проблем на турската граница.
„Постојана стабилност во Сирија може да се осигура само преку почитување на територијалниот интегритет на Сирија“, истакна Путин.











