Сириските Курди го изразија своето незадоволство од повлекувањето на американската војска од североисточна Сирија гаѓајќи ги со компири. Видео објавено во курдските медиуми покажува како Курдите фрлаат компири по американски конвој што минува низ областа во Камишли.

„Американците бегаат како глувци“, извикувала толпата кога минуваа тенковите. Покрај тоа извикувале и „Срам да ви е“,

 

Турска офанзива
Поминаа скоро две недели откако Турција започна голема офанзива во северо-источна Сирија, додавајќи дека нејзините цели се милитантите на ИСИЛ и курдските сили на YPG. Претседателот Доналд Трамп порано нареди повлекување на САД од областа, давајќи му на практично Турција зелено светло за влез во Сирија.

Курдски извори велат дека нападнатиот конвој го преминал граничниот премин Сахел и влегол во северната ирачка провинција Докук. Курдите додаваат дека повеќе од сто американски возила се упатиле кон Дохук во неделата. Американскиот министер за одбрана Марк Еспер во саботата објави дека скоро илјада американски војници ќе се повлечат од северна Сирија.