Акар: Нашата единствена цел е да го оневозможиме создавањето на терористички коридор

0
106

Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека терористичката ЈПГ добива голема финансиска помош од сојузниците на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тие секое оружје со свои раце го даваат на ЈПГ и ПКК, а тие го насочуваат кон нас“, рече Акар во своето обраќање на Светскиот форум на ТРТ коешто се одржува во Истанбул.

Говорејќи за операцијата „Извор на мирот“, Акар рече дека единствената цел на Турција е да ги заштити своите граници, и да го оневозможи терористичкиот коридор кој терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција.

Турскиот министер за одбрана нагласи дека ПКК и ЈПГ во никој случај не може да ги претставуваат браќата Курди и браќата Сиријци.