Реакција против осудувањето на Директорот на О.У. Мустафа Кемал Ататурк – Гостивар

0
250

Во некои медиуми во Р. Северна Македонија постои веста дека Директорот на Основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, кое е една од најважните порти на турското образование во градот Гостивар, се осудува од страна Хелсиншкиот комитет за човекови права и Општина Гостивар за користење политички симболи и злоупотреба на службената должност. Во веста каде што се привлекува внимание на тоа дека учениците основци биле собирани во дворот на училиштето и упатиле војнички поздрав во знак на подршка на Претседателот на Р. Турција, Реџеп Таип Ердоган и Армијата на Р. Турција, исто така се потенцира дека преку овој настан децата се учат за војна и дека ова причинува дестабилизација во нивното психофизичко здравје.

Најпрво, очигледно е дека релативните институции треба да се потсетат дека знамето на Р. Турција со месечина и ѕвезда не е политички симбол туку е национален симбол, и дека за нас Турците кои живееме во Р. Северна Македонија, Турција не е политичка површина туку е наша матична држава.

Покрај тоа, и другите нации што живеат во Северна Македонија, освен нас Турците, секогаш ги користеле своите национални знамиња кога станувало збор за прашања за самите себе. Освен тоа, Турското знаме веќе постои во Општина Гостивар, и турскиот јазик е трет официјален јазик во општината.
Загрижени сме дека ваквите негативни случувања ќе доведат до етнички превирања во Р. Северна Македонија, и го повторуваме фактот дека ние Турците, кои сме основни елементи на социјалната структура на оваа земја, несомнено сме најинтегрирана нација и живееме во хармонија со сите други заедници. Нема да дозволиме нашите силни врски кои изворуваат од нашето заедничко минато и заедничка историја да се расипат со вакви навредливи обиди.

Ние како МАТУСИТЕБ, институција која се состои од 60 членки здруженија од цела Р. Северна Македонија, најсилно ги осудуваме Хелсиншкиот комитет за човекови права и Општината Гостивар за нивните постапки и пристапи, и нагласуваме дека ова однесување, што го спроведе основното училиште Мустафа Кемал Ататурк во Гостивар, не прекрши ниту еден закон за човекови права, државен устав и социјално однесување. Исто така изјавуваме дека ние како МАТУСИТЕБ застануваме зад Директорот на училиштето, Нури Мазлам и другите управители.
Со почит ја информираме јавноста.

Хусрев ЕМИН
Генерален Претседател на МАТУСИТЕБ