Ибрахин Калин, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција сака силите на сириската влада да се повлечат од пограничното подрачје меѓу двете земји за да може таму Анкара да врати околу два милиони бегалци.
Калин за АП изјави дека Ердоган ќе разговара за ова со рускиот претседател Владимир Путин кога ќе се сретнат во руското одморалиште Сочи во вторник.
АП потсетува дека сириските сили се распоредија во делови од Сирија во близина на границата со Турција, како дел од договорот со курдските сили на кои Анкара врши офанзива во северна Сирија.
Оваа му ги искомплицира плановите на Турција да создаде „безбедна зона“ јужно од границата со Сирија, каде може да испрати сириски бегалци кои моментно живеат во Турција.
АП исто така потсетува дека американските трупи претходно ја напуштиле оваа територија.
Калин рече дека бегалците не сакаат да одат во делови од Сирија „контролирани од режимот“.
“Ова е една од темите за кои ќе разговараме со Русите, затоа што нема да ги присилиме бегалците да одат таму каде што не сакаат да одат. Ние сакаме да создадеме поволни услови за да се вратат, услови во кои ќе се чувствуваат безбедно”, рече Калин.
(Вијести.ба / НН)











