„Ќе ја продолжиме операцијата во Сирија, ако терористите не се повлечат во дадениот рок“

0
124

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција не направила никакви отстапки во однос на нејзините барања и услови за 120- часовната пауза на воената операција „Извор на мирот“ против терористичките организации во североисточна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA) )

„Доколку не се исполнат ветувањата дадени на Турција, ние нема да чекаме како порано, туку ќе ја продолжиме операцијата по истекот на рокот што го дадовме. Ако договорот се испочитува, се испочитува, во спротивно, од првата минута по 120-от час, ќе продолжиме да ги газиме главите на терористите“, изјави Ердоган на собир во Кајсери.

Тој истакна дека еден дел од подрачјето на кое се спроведува операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, е во рацете на силите на режимот, кои се под заштита на Русија, нагласувајќи дека тоа прашање ќе се разгледа заедно со Путин. „Потребно е да изнајдеме решение“, додаде Ердоган.

„За жал, последните 9 дена против нашата земја беа изложени најразлични грдотии. Откако паднаа маските од лицата, видовме кој е кој“, потенцираше турскиот претседател.

Тој остро ја критикуваше пропагандата и ширењето на дезинформации за антитерористичката операција што ја водат турските сили, притоа водејќи голема грижа за заштита на цивилите.

Ердоган исто така рече дека од почетокот на операцијата „Извор на мирот“, Турција е на удар на исклучително валкана пропаганда со која маските се паднати, со што се видело и кој е кој.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Турција предупреди дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголемата закана за иднината на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.

Официјална Анкара предупреди и дека е неприфатливо терористите на ПКК да се поддржуваат и да се сметаат за партнери во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Со формирањето на безбедносната зона во 30 километри широк пограничен појас на Сирија, Турција има намера да обезбеди враќање на 2 милиони сириски бегалци. Тоа подрачје се простира од Еуфрат до ирачката граница. Пречка за тој план на Турција е тоа што подрачјето е под окупација на терористите на ПКК, ПЈД и ЈПГ.

На 17 октомври делегациите на Турција и САД постигнаа договор за паузирање на операцијата во времетраење од 120 часа за да се овозможи повлекување на терористите од подрачјата на кои Турција сака да воспостави безбедносна зона.

Делегаците предводени од турскиот претседател Ердоган и американскиот потпретседател Мајк Пенс се договорија Турција да воспостави безбедносна зона долж пограничниот појас во длабочина од 32 километри кон сириската територија.

Турските сили во изминатите три години во северозападна Сирија спроведоа две успешни операции и ги неутрализираа терористите на подрачје од 4.000 километри квадратни. Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, во кои сириските градови западно од реката Еуфрат беа ослободени од терористичките организации ДЕАШ и ЈПГ/ПКК.

Турција сите прекугранични операции ги спроведува врз база на меѓународното право, правото на самоодбрана и ги реализира во согласност со начелата на Повелбата на Обединетите нации (ОН) и резолуциите на Советот за безбедност кои се однесуваат на борбата против тероризмот.