Пенс: Договорен прекин на судирите во северна Сирија: Трамп:“Прекрасни Вести“

0
11

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во Анкара по состанокот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е постигнат договор турската армија да ги прекине операциите во северна Сирија за да се овозможи повлекување на припадниците на терористичката курдска (YPG) во наредните 120 часа, јавува РСЕ.

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на Твитер дека „пристигнале одлични вести од Турција“ по разговорите на американската делегација во Анкара за турската воена операција во северна Сирија.

Фото:Twitter

Пенс во Анкара изјави дека е постигнат прекин на огнот во текот на следните пет дена за да се повлечат припадниците на курдската терористичка (YPG) надвор од 32-километарската безбедносна зона долж границата со Турција.

Друг турски официјален претставник за Ројтерс изјави дека Турција го добила„токму она што го сакавме на оваа средба“.

Пенс денеска се состана со турскиот претседател во Анкара, во обид да ја замоли Турција да прекине со огнот во североисточна Сирија.

Откако Ердоган и Пенс се состанаа во претседателската палата, разговорите помеѓу американската и турската делегација продолжија многу подолго од предвиденото.

Фото: АП

Пенс и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, исто така во Анкара, не разговараа со новинарите пред состанокот, ама официјалните лица тврдат пренесува Ројтерс дека: „Преговорите со терористичка организација или откажување од тековната операција не се на агендата“.

Турскиот претседател претходно изјави дека воената офанзива, наречена Извор на мирот, започнала за елиминирање на „терористичкиот коридор“ по јужната граница на Турција.

Фото: Твитер
„Нашата мисија е да спречиме создавање терористички коридор на нашата граница и да донесеме мир во регионот“, напишал Ердоган на Твитер кога започна операцијата.

Ердоган исто така напиша дека Турција ќе го зачува територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободи мештаните од терористи.

Турскиот амбасадорка во Македонија Тулин Еркал Кара изјави дека „Целта на операцијата е спасување на сирискиот народ од суровоста на терористите“

Во последниве денови, светски официјални претставници постојано ја повикуваа Турција да ја прекине офанзивата во Сирија.