Песков: „Контактите меѓу Русија и Турција за операцијата „Извор на мирот“ продолжуваат“

0
127

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека продолжуваат контактите помеѓу Русија и Турција во врска со операцијата „Извор на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Песков одговори на новинарски прашања во врска со операцијата „Извор на мирот“.

Истакнувајќи дека помеѓу Русија и Турција има контакти на различни нивоа во врска со операцијата, Песков нагласи: „Се одвиваат контакти меѓу раководствата на Русија и Турција.“

Песков, потсетувајќи на телефонскиот разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред почетокот на операцијата рече дека во близок контакт се и министрите за надворешни работи на двете земји.

Тој даде коментар за рускиот став и позицијата во врска со актуелната состојба во Сирија и движењето на трупите на режимот од Дамаск во регионот каде што турската армија ја спроведува операцијата.

„Ги слушнавте изјавите дека има одредени контакти и договори. Не можам да додадам ништо на ова. Нема ништо ново во пристапот на Русија.“

Наведувајќи дека треба да се избегнат чекорите што ќе влијаат на процесот на политичко решавање и ќе предизвикаат тензии, Песков истакна: „Позицијата на Русија во никој случај не е променета. Таа е добро позната и непроменлива.“

Песков не одговори на прашањето дали во руската воена база во Сирија имало преговори меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и режимот на Асад.