И Франција покрај Германија го стопира извозот на оружје за Турција

0
119

Франција денес објави дека ја прекина продажбата на оружје на Турција и ја предупреди Анкара дека нејзината офанзива во северна Сирија ја загрозува европската безбедност.

„Во очекување на завршување на оваа офанзива, Франција одлучи да ја прекине продажбата на оружје на Турција што може да се користи во операцијата. Оваа одлука ќе стапи на сила веднаш“, се вели во заедничката изјава на француските министри за одбрана и надворешни работи.

Во изјавата се додава дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе го координираат својот став за ова прашање на состанокот во Луксембург во понеделник на 14 октомври.

Потсетуваме, Германија исто така денес го прекина снабдувањето со оружје „што може да се користи во североисточна Сирија“ на Турција против Курдите, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за „Билд“ во издание во саботата.

(Вијести.ба / Срна)