Ердоган: „Турција се бори против тероризмот, не против Курдите”

0
113

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на антитерористичките операции кои Турција ги спроведува на северот на Ирак и во Сирија никогаш не е територијалниот интегритет и суверените права на тие земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Во обраќањето на конференцијата за борбата против тероризмот во Истанбул, Ердоган истакна дека моменталната операција на Турција на северот на Сирија не е насочена против Курдите, туку против терористичките групи.

„Турција ќе воспостави безбедност на северната граница и сигурно враќање на Сиријците така што ќе ги отстрани терористичките организации источно од реката Еуфрат, како што тоа го направивме и западно од Еуфрат”, рече Ердоган.

Додаде дека со операцијата „Извор на мирот” исто така сакаа да ги заштитат правата на сите луѓе на северот на Сирија, а не да ја делат таа земја.

Истакна дека без воспоставувае на безбедноста не е возможно да се постигне мирот, а дека без мирот нема ниту развор на земјата и напредок.

„Проблемите во нашиот регион не се нашата судбина, во нашите раце е да ги запреме овие лоши случувања. Мирот, безбедноста и благосостојбата во овој регион ги гледаме како клуч на мирот во целиот свет”, додаде турскиот претседател.