Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија се нашле на удар на Турската артилерија во градот Кобане.
Тоа е област каде што Турците знаат дека Американците се присутни.
Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турските гранати експлодирале неколку стотици метри далеку од американските трупи. Тој изјави дека нема повредени меѓу Американците и дека не го напуштиле Кобан.
Од Турција порачуваат дека американските трупи не биле цел на напад и дека нејзините сили само одговориле на митралез и минофрлачки напад врз турскиот граничен пункт што доаѓал од Кобане.
ДеВолт предупреди дека Турција мора да избегнува дејства што можат да доведат до одбранбени реакции на САД.
За прв пат од почетокот на турската офанзива во средата, базата на анти-џихадистичката коалиција да биде загрозена.
И8звор:










