Ирански танкер се запали после експлозија во близина на саудиското пристаниште Џеда, што се случи рано утрово. Првично, агенциите тврдеа дека станува збор за терористички напад, но иранските медиуми објавија дека танкерот бил погоден од две ракети шеесет милји далеку од саудиското пристаниште.
Иранската Национална нафтена компанија (NITC), на која се повикува локалната новинска агенција ИРНА, потврди дека танкерот за нафта „Сабит“ припаѓа на оваа државна компанија.
Според извештајот, бродот претрпел две одделни експлозии поради два ракетни напади, едниот во 5 часот и другиот во 5:30 часот по локално време.
Дветеаглавни резервоари за нафта на бродот беа оштетени, а бродот е во Црвеното Море. Штетата предизвикала нафтата да се излее во морето.
Танкерот е моментално во стабилна состојба. Целиот екипаж е безбеден и иранските техничари ги испитуваат причините за инцидентот. Неколку локални медиуми не ја исклучија терористичката природа на ракетскиот напад, за што соопшти иранската ИСНА.
Нападот, со проектили или друго оружје, е последниот инцидент во кој се нападнати танкери во Црвеното Море и Персискиот Залив и може да ги засили тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија.
„Петтата флота“ на американската морнарица, која работи во регионот, соопшти дека за веста слушнала медиумите, „но немала дополнителни информации“.
Саудиска Арабија сè уште не одговорила на информациите за нападот.
Цените на нафтата веднаш се зголемија за околу 2% на светскиот пазар.











