Во Грција судири меѓу студентите и полицијата

0
103

Во Грција се случија судири меѓу студентите, кои протестираат против реформите во образовниот систем, и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Стотици студенти се собраа во центарот на главниот град Атина, во знак на протест поради Законот со кој се укинува имунитетот на универзитетите.

Студентите, извикувајќи ги паролите „Не ги допирајте универзитетите“, „Имунитетот е стекнато право, не може да се промени“, се упатија кон плоштадот „Синтагма“, каде што се наоѓа и зградата на Парламентот.

Специјалните сили презедоа безбедносни мерки пред зградата на Собранието. Специјалните сили врз студентите, кои фрлаа со камења и стапови, интервенираа со солзавец и звучни бомби.

Поради тоа што настаните се случија во близина на луксузните продавници на улицата „Вукурестиу“, од солзавецот беа погодени и голем број туристи.