Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нападот на Турција врз Сирија е лоша идеја и ја повика Анкара да ги заштити верските малцинства.
САД не го поддржуваат нападот на Турција врз Сирија и и ставија до знаење на Турција дека операцијата е лоша идеја, се вели во соопштението на Белата куќа.
„Турција вети дека ќе ги заштити цивилите, религиозните малцинства, вклучително и христијаните, и ќе осигури дека нема да се појави хуманитарна криза – и ние ќе ги сметаме за одговорни за исполнување на истата“, се вели во соопштението.
Извор:cdm










