Турските копнени сили влегоа во сирискиот град Тел Абијад на северот на земјата и започнаа битка против припадниците на курдските единици, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на очевидци.
„Турската армија влезе во Тел Абијад и се судри со припадниците на сириските демократски сили“, изјави еден локален жител за руската новинска агенција РИА Новости.
Покрај тоа, според изворот, турската армија повторно започнала да изведува артилериски напади низ северна Сирија, а во моментов е на мета на градот Кобани, кој се наоѓа на турско-сириската граница.
Потсетиме, турскиот претседател денеска го најави почетокот на воената операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, а набргу потоа медиумите објавија дека се фрлени првите бомби во сириската провинција Хасака.
#Qamishli city in NE #Syriya during the Turkish air striks. pic.twitter.com/cCfQefFE7v
— Coordination & Military Ops Center – SDF (@cmoc_sdf) October 9, 2019
Извор:sputniknews.com











