Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денеска објави дека израелските власти имаат намера да постигнат пакт за ненапаѓање со државите од Заливот.
„Неодамна, со поддршка на премиерот на Израел, преземав иницијатива да потпишам пак за ненапаѓање со арапските држави во Заливот“, истакнал Кац.
Тој во пораката на Твитер изјавил дека станува збор за историска иницијатива дека Израел сака да стави крај на конфликтите со земјите од Заливот и да овозможи соработка во граѓанскиот сектор сè додека не бидат потпишани конечните спогодби за Блискиот исток.
Катц, исто така, истакнал дека го претставил планот пред арапските министри за надворешни работи и претставникот на Обединетите нации Jејсон Гринблат за време на неодамнешната седница на Генералното собрание на ОН.
„Јас ќе продолжам да работам за зајакнување на позицијата на Израел во регионот и светот“, рекол Кац.
Властите во земјите од Заливот досега не ги коментираа наводите на Кац.
Минатиот месец, Кац објави дека се состанал со арапските министри со кои Израел нема дипломатски односи и разговарале за Иран и за зајакнување на цивилната соработка во регионот.
Израел воспостави дипломатска соработка со само две арапски земји, Египет и Јордан.
(Вијести.ба / АА)











