Илјадници демонстранти извикуваа „Помпео да си оди дома!“ Пред грчкиот парламент, додека центарот на градот Атина е затворен за сообраќај, со силно полициско присуство.
Додека антиамериканските демонстранти протестираа против неговата посета, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, зборуваше за важноста на потпишувањето на договорот за одбрана и дека Грција може да биде „столб на стабилноста за регионот“.
– Грција може да игра важна стратешка улога во регионот и може да биде столб на стабилноста – рече Помпео, кој се состана со премиерот Киријакос Микотакис.
Како што продолжува притисокот на Турција во источниот Медитеран, посетат на Помпео е да ја зајакне соработката со Грција, традиционален и историски сојузник на Соединетите држави во регионот и членка на НАТО.
Потпишани се повеќе договори за „унапредување на соработката во одбраната“ меѓу двете земји, според американски и грчки извори.
Грчкиот премиер зборувал за напнатата ситуација во источниот Медитеран, каде Кипар, островска членка на ЕУ, ја обвинува Турција за спроведување нелегални оф-шор операции за дупчење во потрага по природен гас.
„Кипар повика на примена на меѓународното право и јас го поздравувам позитивниот придонес на Соединетите држави за помагање на попродуктивна клима во регионот“, истакнал Микотакис.
Европската унија во неколку наврати го осудуваше “нелегалното“ дупчење на Турција кај Кипар, но Анкара оваа недела го испрати истражувачкиот брод Јавуз во ексклузивната поморска економска зона на Кипар, со лиценци за работа од францускиот и италијанскиот енергетски гигант Тотал и Ени.
Покрај разговорите со Микотакис, кој е на власт од јули, Мајк Помпео ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Дендијас, и министерот за одбрана Никос Панајотопулос.
Посетата на Грција е последна од турнејата на Помпео на Италија и на Балканот каде Западните земји, а особено САД, сакаат да се спротивстават на влијанието на Русија.
#Protesters take part in a #demonstration against the visit of U.S. Secretary of State Mike #Pompeo , in #Athens, #Greece October 5, 2019 pic.twitter.com/K1IklAP6jz
— DimitrisLampropoulos (@LampDim) October 5, 2019
(Вијести.ба / РТРС)










