Турција собори неидентификувано беспилотно летало близу границата со Сирија

0
95

Турски авиони F-16 соборија беспилотно летало во близина на сириската граница откако повеќепати го нарушило турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесувa Anadolu Agency (AA).

„Беспилотното летало, кое не е идентификувано кому му припаѓа, го наруши турскиот воздушен простор вкупно шестпати во близина на турската област Килис на границата со Сирија, како и во подрачјето на северна Сирија ослободено во турската операција „Штитот на Еуфрат“ во 2016 – 2017 година“, соопшти Министерството.

Авионите F-16 што го соборија беспилотното летало беа од воздушната база „Инџирлик“ во Адана, јужна Турција.

Остатоците од беспилотното летало беа пронајдени од страна на жандармериските сили во близина на базата „Чилдироба“ во Килис.