Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е невозможно Турција да престане да купува нафта и бензин од Иран, и покрај заканите за санкции на САД.
Ердоган додаде дека трговијата меѓу двете земји ќе продолжи, објави НТВ.
Говорејќи пред новинарите по враќањето од седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Ердоган рече дека Турција не се плаши од можни санкции на САД поради трговијата со Иран, објави Индекс.хр.










