Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера изјави дека Турција секогаш ќе ја поддржува Палестина, која поминува низ тешки времиња, и исто така ќе придонесе за Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (UNRWA), пренесува Anadolu Agency (AA).
Мевлут Чавушоглу, кој се наоѓа во Њујорк за 74. заседание на Генералното собрание на ОН, присуствуваше на состанокот на министри на Комитетот за врски Ад хок (Ad Hoc Liaison Committee), меѓународна донаторска група за Палестина, со кој претседаваше Норвешка.
„На состанокот на UNRWA во UNGA74, е нагласено дека меѓународната заедница треба да ја поддржи UNRWA политички и финансиски. Турција ќе продолжи да ги поддржува нашите палестински браќа и сестри кои поминуваат низ тешки времиња и исто така ќе придонесе за UNRWA, која ги поддржува бегалците на Палестина“, напиша Чавушоглу на Твитер.
„Присуствував на Состанокот на министри за надворешни работи на Комитетот за врски Ад хок во UNGA74. Нагласив дека е неопходен економски развој за Палестина за праведен и траен мир. Силната поддршка на Турција за Палестина секогаш продолжува“, напиша Чавушоглу во друга објава на социјалната мрежа Твитер.
Израелската армија спроведува чести кампањи за приведување Палестинци низ Западниот Брег, како и во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), со образложение за потрага по „барани“ Палестинци.
Според палестинските податоци, речиси 5.700 Палестинци, меѓу кои голем број деца и жени, моментално се наоѓаат во израелските притворни центри.











