Бенјамин Нетанјаху го прозва на Реџеп Таип Ердоган заради негирање на ерменскиот геноцид, што ќе звучеше многу поискрено ако тој лично и не го блокираше признавањето на истиот минатата година.
Розите не цветаат во односот меѓу лидерите на Израел и Турција, бидејќи тие со години јавно се обвинуваат едни со други за диктаторски и убиствени политики. Во неодамнешната изјава, премиерот Нетанјаху тврди дека претседателот Ердоган „го негира ужасното убивање на ерменскиот народ“ и затоа „не треба да му одржува лекции на Израел“ изјави лНетанјаху.
Прозивањето на Турција заради негирање на масакрот на Ерменците од страна на Османлиското царство би звучело посоодветно и искрено за Израел доколку и тој навистина го признае како геноцид, некои коментатори брза да посочат.
Официјалниот став на Израел за геноцидот е еднаков со ставот на земјата за својот нуклеарен арсенал: ниту го негира, ниту го признава. Историски гледано, тие ја зазедоа оваа позиција за да не ја отуѓат Турција, која беше една од ретките нации на Блискиот исток што беше пријателска со Израел кој му нудеше профитабилна трговска можност за нејзините производители на оружје.
Иако односот на земјите под Нетанјаху и Ердоган не блескаат, што влијаеше и на безбедносната соработка и на трговијата, позицијата на Израел никогаш не се промени. Турција беше заменета со Азербејџан како клучен купувач на оружје и стратешки поставен сојузник во изминатата деценија. Оваа земја е сосед на израелскиот непријател на Иран и Азербејџан е затворен во жестока студена војна со Ерменија, губејќи голем дел од својата територија под покровителство на ерменските сепаратисти. Народот има и блиски врски со Турција.
Не е јасно колку Нетанјаху бил обзирен и искрен кон Азербејџанците кога и тој лично интервенираше да се блокира обидот за признавање на ерменскиот геноцид минатата година. Неговото официјално објаснување беше дека разговарањето за ваков потег ќе ги мобилизира турските националисти и ќе му помогне на Ердоган на претстојните избори.
Изјавата на Нетанјаху беше очигледно одговор на коментарот на Ердоган за израелската политика за време на неговиот говор во Генералното собрание на ОН претходно оваа недела. Турскиот претседател дури користеше и неколку визуелни реквизити за да го каже својот став, што е, патем, тоа е заштитен знак на Нетанјаху.










