Ердоган: Во земјотресот во Истанбул повредени се 8 лица

0
127

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со новинарите на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул изјави дека во земјотресот во Истанбул се повредени осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во земјотресот во Истанбул полесно се повредени осум лица“, изјави турскиот претседател по враќањето од Њујорк.

Тој рече дека по земјотресот со јачина од 5,8 степени биле регистрирани уште 28 потреси.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер денеска го погоди Истанбул.

За време на денешниот земјотрес во Истанбул се сруши минаре на џамија во подрачјето Авџилар.

Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD) соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран во Мраморното Море кај истанбулското подрачје Силиври и на длабочина на тлото од 7 километри.

Кабинетот на гувернерот на Истанбул соопшти дека АФАД и другите надлежни служби досега не забележале ниту една пријава за голема штета. Во соопштението се наведува дека сите служби се во состојба на готовност.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави дека е среќен што нема загуби на човечки животи.

Потресот се почувствува во целата метропола на Босфор, голем број граѓани ги напуштија зградите, а евакуирани се неколку училишта.

И во вторникот истиот југозападен регион на Истанбул го погоди земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер.