Земјотрес со јачина од 4,6 степени по Рихтер го погоди западниот дел на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за земјотреси при Дирекцијата за вонредни ситуации во Турција (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран во Мраморно море кај истанбулскиот дистрикт Силиври и на длабочина од 5,36 километри.
Потресот се почувствува во повеќе истанбулски региони. Најинтензивен потрес се почувствува во крајбрежното место Мураткој кое од епицентарот било оддалечено 20 километри.
Од кабинетот на гувернерот на Истанбул соопштено е дека надлежните служби до сега не примиле ниту една пријава за штета.
Учениците од неколку истанбулски училишта поради мерки на претпазливост излегоа во дворовите.










