Осуда до Саудиска Арабија за Кашоги од Советот за човекови права на ОН

0
120

екои земји во Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) ја осудија Саудиска Арабија за убиството на новинарот Џамал Кашоги и за кршењето на човековите права во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Последната недела од 42. седница на Советот за човекови права на ОН во Женева, Швајцарија, некои западни земји со заедничко соопштение го осудија кршењето на човековите права во Саудиска Арабија.

Во име на над 20 земји, заедничката изјава ја прочита амбасадорот Сали Менсфилд, постојаниот претставник на Австралија во Канцеларијата на ОН во Женева.

Се истакнува длабоката загриженост за наводите за тортура, нелегално приведување и неправедно судење кон новинарите, активистите за човекови права и опозиционерите во Саудиска Арабија.

Во изјавата, исто така, се повикува Саудиска Арабија да го разјасни убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој беше убиен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, и да ги казни одговорните за убиството.

Покрај Австралија, заедничкото соопштение го потпишаа и Велика Британија, Германија и Канада.

Четириесет и втората седница на Советот за човекови права на ОН ќе заврши во петок (27 септември).

На 41. Седница на Советот за човекови права на ОН големо внимание привлече извештајот на специјалната известувачка на ОН, Агнес Каламард, која го истражуваше убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Специјалната известувачка Каламард, која спроведе меѓународна истрага за убиството на Кашоги, за дописникот на АА изјави: „Убиството на Кашоги е повеќе од едно меѓународно убиство. Во убиството биле прекршени голем број меѓународни закони. Убиството нанесе голема штета на меѓународните односи.“

Таа, исто така, го повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки за гонење на одговорните.