ОН: Формиран сирискиот Уставен комитет

0
186

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, соопшти дека е формиран сирискиот Уставен комитет, кој во наредните недели ќе одржи состанок во Женева, јавува Anadolu Agency (AA).

Гутереш во седиштето на ОН даде изјава за медиумите, во која нагласи дека режимот и опозицијата во Сирија постигнале договор за формирање на Уставниот комитет.

Тој рече дека Комитетот, за кој рече дека е веродостоен, стабилен и сеопфатен, во наредните денови ќе одржи состанок во Женева под надзор на ОН.

Според него, овој Уставен комитет треба да биде почеток на политичкиот процес во Сирија.

Гутереш истакна дека преку формирање на Уставниот комитет, потребно е да се направат конкретни чекори.

Генералниот секретар на ОН упати благодарност до Турција, Русија и Иран за нивниот придонес во овој процес.