Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, син на Осама бин Ладен.
Хамза бин Ладен е убиен во антитерористичка операција на авганистанско-пакистанската граница, јави Си-Ен-Ен.
„Смртта на Хамза бин Ладен не само што ја лишува Ал Каеда од важни лидерски вештини и вклученост со неговиот татко, туку и ги поткопува важните оперативни активности на групата“, се вели во изјавата на Трамп.
Тој исто така истакна дека Хамза бин Ладен е одговорен за соработката на Ал Каеда со други терористички групи.
Извор:vijesti.ba











