Хабиб Нурмагомедов го победи Дастин Пoрје во Абу Даби, и ја одбрани титулата првак на светот во лесна категорија.
Хабиб дојде до победа со „гушење“ во третата рунда, откако Американецот беше блиску да се извлече кога Русинот тргна во рушење, но не успеа до крај да се спаси.
Пoрје во втората рунда со десно кроше за малку ќе го нокаутираше Хабиб. Очигледно беше потресен Русинот, но Пoрје не успеа да ја доври работата.
Нурмагомедов ја забележа 28 победа во исто толку борби во кариерата. Спортмедиа.










