Двe палестински момчиња во петокот биле убиени од страна на израелската армија за време на протестот наречен Враќање во појасот Газа, а десетици биле повредени.
14-годишниот Халед ал-Рабаи и 17-годишниот Али Ал-Ашар биле убиени, а 70 демонстранти се повредени во протестите, од кои 38 се здобиле со повреди од муниција, јавува палестинската новинска агенција Вафа.
Портпаролот на израелската војска не коментираше за убиствата на тинејџерите, но рече дека граничарите биле соочени со повеќе од 6.000 демонстранти на повеќе точки долж оградата, од кои некои фрлале експлозивни направи и молотови коктели.
Специјалниот координатор на ООН, Николај Младенов во твит го опиша убиството на двајцата палестински тинејџери како „ужасен чин“ и го повика Израел „подобро да ја процени употребата на сила и да ја користи употребата на смртоносна сила само како последно средство и само како одговор на непосредна закана од смрт или сериозна повреда. ”
Тој го цитираше државниот секретар на САД, Мајк Помпео, велејќи дека таканаречениот стогодишен договор ќе биде објавен за неколку недели. За Палестинците, исто така, се вели дека ја поздравиле оставката на американскиот специјален претставник на Блискиот исток Џејсон Гринблат.
Извор:(Вијести.ба / ФЕНА)










