Синот на Морси почина по срцев удар

0
118

бдулах Морси, синот на Мухамед Морси, првиот демократски избран претседател на Египет, почина по срцев удар, јавува Anadolu Agency (AA).

Ахмед Морси, неговиот постар син, за АА потврди дека неговиот бра Абдулах почина во болница по срцев удар.

Абдел Монием Абдел Максуд, адвокатот на семејството Морси, исто така ја потврди смртта на Абдулах Морси, помладиот син на Мухамед Морси, поранешниот претседател на Египет кој во јуни оваа година исто така почина откако во судница доживеа срцев удар.

Мухамед Морси беше во брак со Најла Али Махмуд со која имаше пет деца – Ахмед, Шејма, Осама, Омар и Абдулах.