46 ЛОНДОН (АА) – Опозицијата во Велика Британија победи критично гласање во насока на спречување на Брегзит без договор, јавува Anadolu Agency (AA). Со 328 гласа „за” и 301 глас „против”, во Долниот дом на парламентот ратификуван е предлогот со кој овластувањето за утврдување на утрешниот дневен ред преминува од владата на пратениците. Како резултат на гласањето, овој е првиот критичен пораз на премиерот Борис Џонсон во парламентот. Владата на Конзервативната партија под водство на Џонсон, денес го изгуби парламентарното мнозинство откако денес еден пратеник премина во Либералдемократската партија. Вечерашното гласање на пратениците им овозможува можност да поднесат нацрт-закон во парламентот во насока на спречување на Брегзит без договор. Во случај утре да завршат законските процедури во Долниот дом, нацртот ќе премине во Горниот дом на парламентот. Опозициските партии имаат за цел брзо да го завршат процесот во Горниот дом, и во петок навечер да го ратификуваат овој нацрт-закон. Парламентот во Велика Британија исто и претходно ратификуваше сличен закон со кој на 29 март беше спречена Велика Британија да го напушти ЕУ, и Брегзит беше одложен за 31 октомври. Доколку парламентот ќе ратификува сличен закон, можно е премиерот Џонсон тоа да го смета како гласање за недоверба против него, и да оди во предвремени избори. 0 comments 0 FacebookTwitterPinterestEmail Administrator previous post Израел против швајцарското законодавство кое се однесува на приведување на израелски лидери next post Ердоган: „Турција до крајот на септември ќе започне со формирањето безбедносна зона во Сирија“ You may also like Иранскиот претседател Пезешкијан: Ние не сме терористи, ние... 23/09/2026 Имињата на повеќе од 20.000 убиени палестински деца,... 16/09/2026 Нови тензии меѓу Турција и Грција: Анкара предупредува... 16/09/2026 Готово е, Исланд дефинитивно не сака да се... 30/08/2026 Зеленски: 50.000 севернокорејски војници на пат кон Русија 09/08/2026 Шведска го враќа кешот во продавниците 03/08/2026 Јужна Европа гори: Илјадници евакуирани пред огнените стихии 30/07/2026 Германија размислува за враќање на работа во недела 30/07/2026 Шумски пожар ги зафати Франција и Шпанија: Евакуирани... 25/07/2026 Повеќе од 1.000 мртви како резултат на жештините... 01/07/2026