Најмалку четири цивили се повредени во артилериски напад извршен од сили лојални на командантот Калифа Хафтар на меѓународниот аеродром Триполи. Официјални лица од меѓународно признатата либиска влада за национално единство соопштија дека вкупно четири проектили паднале на аеродромот. Три паднале на паркингот и еден на пистата.
Нападот оштетил авион кој ги враќал либиските верници од аџилак од Мекка. Најмалку четворица повредени лица се пренесени во болницата, при што лекарска помош им била укажана на уште 30 хаџи.
Канцеларијата на Обединетите нации во Либија остро го осуди нападот врз цивилите на аеродромот митинг. Во изјавата на ОН се вели дека нападот на цивили е апсолутно неприфатлив чин.
Либија е сцена на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен Моамер Гадафи. Оттогаш, постојат паралелни влади со седиште во Триполи и Тобрук, кои имаат посебни парламенти и вооружени сили.











