Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, побара од британската кралица Елизабета II привремено да ја суспендира работата на Парламентот на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон сака да ја суспендира работата на Парламентот во периодот од 9 септември до 14 октомври, што е непосредно пред најавеното отстапување на Велика Британија од Европската Унија.
Со таквата одлука, Џонсон предизвика жестоки критики на опозицијата, која во тој случај не би имала доволно време за усвојување на одлуките со кои сака да го спречи Брегзит без постигнат договор меѓу Лондон и Брисел.
Џонсон, од доаѓањето на премиерската функција, во повеќе наврати изјави дека Брегзит ќе се случи на 31 октомври, без оглед дали ќе биде одобрен договорот меѓу Велика Британија и Европската Унија.
Британската опозиција во моментот води преговори за да спречи Брегзит без договор, а целта на опозицијата е и одложување на Брегзит и распишување предвремени избори во земјата.











