Новата Хиџретска година настапува на 31.август, денот на Ашуре на 9.септември

0
132

Новата (Хиџретска 1441 год) според муслиманскиот календар настапува на 1-ви Мухарам, кој оваа година паѓа на 31 август.

“Муслиманскиот календар е лунарен, и годината од овој календар е пократка за 10 дена од годината на сончевиот календар. Овој начин на пресметување на времето беше усвоено за време на Калифата на Омер, нека Аллах биде задоволен од него, а за почеток на сметањето на времето, земена е Хиџрата преселувањето на  Мухаммед а.с, од Мека во Медина.

Хиџрата се случила во 622 година по Иса а.с , Мухаммед а.с, бил принуден да го напушти родниот град Мека и да отиде таму каде што нема да биде во опасност во „Медина, или Jesсриб како што тогаш се нарекувала, и тука пејкамберот Мухаммед а.с.пронашол засолниште (нека е мир и благослов Божји на него) напуштајќи го градот ноќе и пресели во Медина, каде остана да живее до својата смрт“.

Десеттиот ден од месецот Мухарам се нарекува Ден на Ашура, а оваа година паѓа на 9 септември.

Овој датум има посебно значење во текот на историјата на Божјите пратеници, како и последниот случај на Кербела, и станување шехид на Хазрети Хусеин. Божјиот пратеник Мухамед посвети особено значење на десетиот ден од месецот Мухарем. Тој препорачал да се пости на овој ден, особено ден пред или ден после десетти Мухарем“ рече Баки, истакнувајќи дека целта на денешниот настан да се почувствува единството, братството, љубовта и мирот.

Специјално јадење на Ашур (на арапски десет) е исто така направено на овој ден. Подготвено е со ставање на повеќе видови овошје и зеленчук и со тоа правењето на смесата како знак на сеќавање на Нух, а.с., кој според легендата, се качил на неколку живи суштества во неговиот брод.

Инаку, зборот „ашуре“ поттекнува од арапскиот јазик и произлегува од зборот „ашр“, кој на арапски значи „десет“. Денот на ашуре е десеттиот ден на месецот Мухарем. Месецот Мухарем е првиот месец од новата лунарна година и е еден од светите месеци за муслиманските верници.