Нов напад на руската база во Хмејмим во Сирија

0
141

Артилериско ракетниот системи на руското ПВО во базата Хмејмим во Сирија соборија шест беспилотни летала, со кои бил нападнат аеродромот,соопшти руското Министерство за одбрана.

„Системите за набудување фатија група од 6 беспилотни летала кои се приближувале кон базата од северозапад“.

Според извештајот, системите за воздушна одбрана на аеродромот ги уништиле сите шест беспилотни летала на безбедно растојание “, се вели во соопштението.

Никој не е повреден и не е направена материјална штета на воздушната страна.

Базата продолжува рутински да функционира и покрај тоа што непознатите напаѓачи напредуваат во доменот на употреба на нови технологии, како што се напредните беспилотни летала.